Twitter на барање на корисниците конечно реши да го поправи лошиот квалитет на видео снимките.
Компанијата во сабота соопшти дека ќе го подобри видео квалитетот и така ќе им овозможи на корисниците на нивната апликација да ги гледаат најновите трејлери за дилмови, најави за нови видео игри, најдобрите моменти од некој спортски настан и тн.
Од компанијта велат дека во иднина корисниците ќе имаат подобро искуство со гледање на видео снимки на нивната мрежа.
Some good news: we’ve made updates to improve video quality.
Starting today, videos you upload to Twitter will appear less pixelated for a better watching experience. pic.twitter.com/lJPI14PVRV
— Twitter Support (@TwitterSupport) September 24, 2021
Twitter веќе ги направил промените, па корисниците веќе можат да го доживеат новото искуство на апликацијата.
Извор: B92.net