Samsung досега објави само 5G варијанти на својата нова Galaxy S21 серија, но се чини дека во подготовка е и поевтин модел.

Холандската страница Galaxy Club ја забележа LTE верзијата на стандардниот Galaxy S21 модел во Bluetooth SIG базата на податоци. Телефонот ја носи ознаката на модел SM-G990F.

Galaxy S21 моделот, кој има само 4G поддршка, во голема мерка ќе ги задржи истите спецификации како и стандардниот 5G модел. Тоа значи дека ќе има 6,2-инчен 120Hz дисплеј, три камери на задната страна (12MP главна, 64MP zoom и 12MP ултраширока), како и 4000mAh батерија. Qualcomm Snapdragon 888 и Samsung Exynos 2100 чповите, кои ги покренуваат телефоните, имаат вградени 5G модеми. Не е јасно кој чип ќе го користи 4G моделот

Почетната цена за 5G верзијата на уредот изнесува 799 долари, но речиси е сигурно дека LTE моделот ќе биде барем малку поевтин.

Се очекувадека телефонот нема да биде наменет за Европа и американскиот пазар, и најверојатно 4G Galaxy S21 ќе биде наменет за пазарите, каде 5G мрежата сè уште не е достапна.