Apple одамна работи на своите AR (Augmented reality) очила, но дури сега е познато кога ќе бидат објавени и колкава ќе биде нивната цена.

Mac Rumors ги пренесува сознанијата на тајванскиот DigiTimes порталот дека Apple AR очилата ќе излезат во вториот квартал на 2022. година и дека ќе чинат повеќе од 2000 долари.

Apple го заврши вториот дел од тестирањето на AR очилата и сега се подготвени за масовно производство.

Очилата ќе чинат помеѓу 2000 и 3000 долари, а подоцна ќе бидат подостапни, според информациите на DigiTimes.

Ова е уште еден голем проект на Apple, кој сака и на ова поле да го одржи чекорот со конкурентите.