Microsoft го објави Surface Pro 8, што е најголемата надградба на Surface Pro линијата што работи на процесори на Intel, од моделот Surface Pro 3 во 2014 година. Surface Pro 8 сега има 120Hz дисплеј со потенки рамки, поддршка за Thunderbolt 4 и нова тастатура што може да го скпадира унапредениот Surface Slim Pen 2.
Surface Pro 8 ги искористи најдобрите карактеристики на Surface Pro X моделот и ги искомбинира со Intel чип. Поседува 13-инчен PixelSense Flow Display, како што го нарекува Microsot, со поддршка за Dolby Vision и Adaptive Color технологија. Поголемиот дисплеј овозможи потенки рамки околу екранот, а големо подобрување е поддршката за брзина на освежување од 120Hz. Екранот стандардно работи на 60Hz, но се зголемува на 120Hz во текот на задачите што се извршенуваат со паметно пенкало или внесот со допир.
Хибридниот уред ги користи предностите на новата Dynamic Refresh Rate функција од Windows 11, која му овозможува на дисплејот на префрлува помеѓу различните стапки на освежување во зависност од задачите кои се извршуваат.
Одвоената Surface Pro Signature тастатура го вклучува и новиот Surface Slim Pen 2. Паметното пенкало се полни во базата на тастатаурата и вклучува вграден мотор за тактилен одзив. Стајлусот има и намалена латенција и подобра прецизност благодарение на редизајнираниот врв.
Во внатрешноста на Surface Pro 8 уредот се наоѓа четиријадрен Intel процесор од 11. генерација (Intel Core i5 и Core i7 и комерцијалните Core i3 и LTE опции) и до 32GB RAM и 1TB простор за складирање. Microsoft конечно додаде поддршка за Thunderbolt 4, отфрлајќи го USB-A портот. Pro 8 пристигнува со два USB-C Thunderbolt 4 порта и го има вообичаениот Surface Connect za punjenje.
Microsoft истакнува дека Surface Pro 8 ќе се испорачува од 5. октомври, по почетна цена од 1100 долари.