Дигиталното собирање на незаменливи токени практично пропадна и денес NFT се плаќаат во просек од 5-10 долари.

Се сеќавате ли како некои луѓе беа луди по идејата за незаменливи токени или NFT пред две години? Тоа беше лудо време. И сè уште е лудо време, само што пазарот на NFT практично пропадна.

На тоа укажува ново истражување, кое открива дека 95% од NFT артиклите на пазарот сега се безвредни. Исто така, се проценува дека скоро 23 милиони луѓе поседуваат NFT кои се безвредни денес.

Истражувачите теоретизираат дека многу носители на NFT чекаат враќање на нивната вредност – што можеби никогаш повеќе нема да се случи.

Оние NFT кои вредат нешто денес всушност не вредат многу – од 8850 NFT колекции, 41% од нив имаат цена помеѓу 5 и 10 американски долари. Помалку од 1% од NFT имаат цена над 6000 долари.

NFT во гејмингот наидоа на жесток отпор од играчите. Голем број компании се обидоа да го фатат бранот на краткотрајната популарност на NFT, но тие изгореа во обидот и на крајот ја напуштија продажбата на незаменливи токени.