Најновиот извештај на аналитичката компанија IDC ни нуди подобар увид во глобалната испорака на паметни телефони во периодот април-јуни (втор квартал).

Samsung ја предводи продажбата на смартфони со испорачани 59 милиони уреди. Следуваат Xiaomi (53,1 милиони) и Apple (44,2 милиони). Xiaomi постигна импресивен раст од 86,6 проценти на годишна основа. Oppo (32,8 милиони) и Vivo (31,6 милиони) ја комплетираат топ 5 листата на најголеми производители на телефони во однос на испораката.

Комбинираната испорака на телефони ги надмина минатогодишните резултати од вториот квартал за 13,2 проценти, што дополнително укажува на закрепнување на пазарот на смартфони во однос на претходната година.

Во извештајот се споменува дека Кина беше единствениот пазар што забележа пад во текот на вториот квартал, а причината е слабата објава на премиум телефони и некои други фактори.

Гледајќи во претстојниот период, IDC прогнозира уште поголем раст на испораките за брендовите од Кина, што би можело дополнително да ја загрози доминацијата на Samsung и Apple.