Со „Challenger“, секој поминат зелен километар на велосипед или пак пеш носи поени, кои потоа корисниците ги заменуваат за попусти во локални бизниси. Исто така, со исполнување на зададени предизвици се добиваат и директни награди. Колку повеќе километри поминати пеш или пак на велосипед, толку повеќе Challenger поени кои носат попусти и награди.

Тимот на „Challenger“ лансираше нов продукт за компаниите  кои сакаат да ги мотивираат вработените и воедно да бидат општествено одговорни. Новината претставува брендиран „dashboard“ на кој се рангираат сите вработени според своите изминати зелени километри, а компанијата ги наградува најдобрите.

„Се што треба е вработените на една компанија да ја инсталираат апликацијата Challenger, а ние ќе го направиме dashbord-от. Eдна од трите компании кои ни се приклучија е Symphony Digital Skopje. Пресреќни сме бидејќи Symphony е компанија која е вистински пример за воведување иновативни начини за општествена одговорност, а воедно нудат интересни награди за најактивните вработени во нивната фирма. Заедно со тимот на Symphony ги „предизвикуваме“ нивните вработени да се движат почесто, да ги намалуваат CO2 емисиите во воздухот, а за тоа заедно ги наградуваме. За нас е ова е синергија која носи промени“, велат од „Challenger“.

Дополнително, компаниите имаат единствена можност да добијат свој затворен-брендиран предизвик на апликацијата „Challenger“ на кој ќе се вклучат само вработените од компанијата. Ова е дополнителна функционалност го поттикнува тимскиот дух, а воедно возењето велосипед и пешачењето станува поинтересно, бидејќи сега вработените се натпреваруваат и борат за директна награда. Важно е дека со
воведување на ваков новитет, компаниите директно се вклучени во исполнување на Одржливите Цели за Развој (Sustainable Development Goals), а со тоа се активно препознаени како општествено одговорна компанија пред своите клиенти.

„Challenger“ е македонска апликација која веќе неколку години е активна на македонскиот пазар, но тимот достигна низа успеси и донесе неколку спин-оф продукти како што беа „ChallengerДома“, паричето.мк, и сега е главен партнер на кампањата IT4Charity. Досега оваа апликација е бесплатна и користена од скоро 7.000 корисници, 3 ИТ компании и 56 мали бизниси. Со поминати вкупно 743.692 километри пеш, 59.060 км со велосипед, 540 освоени награди преку предизвици, и 400 преземени купони за попуст од Challenger продавницата.

„Со Challenger@work сакаме да ги поканиме сите општествено одговорни компании да се вклучат во мисијата за здрав живот и оддржливи заедници“, порачуваат од тимот кој е дел од борбата за почист  воздух. Мобилната апликација е бесплатна и достапна за сите корисници на Android и iOS.