Бучавата најверојатно ќе биде голем проблем со зголемувањето на бројот на авиони, но Airbus веќе нуди решенија и поставува стандарди.

Airbus обично се поврзува со авионите, но оваа компанија никогаш не ги крие своите амбиции да произведува мали летечки такси возила. Сонот сега е чекор поблиску до реалноста откако беше претставено решението, односно следната генерација на VTOL летала.

Станува збор за целосно електричен авион CityAirbus со вертикални способности за полетување и слетување, кој се развива уште од 2015 година. Примарната цел на леталото е да го избегне сообраќајот на земјата, а првичната замисла е да служи за персонална употреба.

CityAirbus го развива одделот за хеликоптери на Airbus, а компанијата веќе изврши одредени тестови, поточно 242 тестови на земја и во лет so 1.000 километри поминати со претходната верзија. Сега, врз основа на претходните знаења и искуства, беше претставена новата генерација на CityAirbus, која изгледа поинаку од својот претходник.

Претходната верзија изгледаше како футуристички хеликоптер:

Има фиксни крилја и опашка во облик на латиничната буква V, а се напојува од осум пропелери. Иако спецификациите не се откриени, новото летало нуди доволно простор за четири лица, досегот ќе биде околу 80 километри, а максималната брзина е 120 километри на час. Емисијата на гасови ќе биде еднаква на нула, а бучавата ќе биде „под контрола“. Airbus тврди дека ќе биде помалку од 65 децибели за време на летот, или помалку од 70 децибели за време на слетувањето, што е помалку во споредба со правосмукалка.

Доколку сѐ оди според планираното, првиот лет се очекува да биде во 2023 година, а добивање на сертификат за вршење летови во 2025 година.

Airbus е холандска компанија формирана во 1970 година со седиште во Лејден која произведува делови за воени, цивилни и вселенски летала. Најпозната е по патничките авиони кои масовно се употребуваат низ целиот свет како главна конкуренција на Boeing.

Извор: Klix.ba