Македонски Телеком и Стартап Македонија официјално го најавија своето партнерствo, коешто има за цел да ја зајакне и продлабочи соработката помеѓу стартап заедницата и корпоративниот сектор.

Главната цел на ова партнерство е да понуди повеќе можности за развој и поддршка на претприемништвото преку взаемна соработка и интеграција во бизнис секторот. Соработката се очекува да донесе поголема едукација, но и бизнис поддршка за младите бизниси коишто, преку споделување на искуствата, мрежата и знаењето на Македонски Телеком.

Организацијата Стартап Македонија речиси цели пет години на стартапите во нашата земја им овозможува помош и платформа за да го остварат својот потенцијал, преку создавање поврзан екосистем којшто има за цел да го поттикне развојот на овие нови бизниси. Низ соработка со повеќе партнери, таа им овозможува на стартап компаниите да го валидираат и надградат своето работење, да се стекнат со вештини и да го најдат своето место во домашната бизнис сфера.

Македонски Телеком веќе ја започна акцијата за модернизација на начинот на кој живееме преку креирање на 5g мрежи и подлога за паметни градови на која стартапите ќе можат да понудат нови решенија за локалниот пазар и тестирање за интернационализација преку глобалната мрежа на Телеком. Исто така, годинава спроведе истражување за дигитална зрелост на малите и средни компании, со цел да им се помогне на овие бизниси успешно да се дигитализираат.

Улогата на Македонски Телеком во ова партнерство е да ѝ понуди можност на стартап заедницата да се вклучи во програми за менторство, но истовремено и со компаниите да размени значајни претприемнички искуства и да понуди уникатна можност за пристап до пазарот преку користење и понуда на услугите на Телеком. Од компанијата сметаат дека ентузијазмот и енергијата на стартап заедницата, споени со искуството и професионалноста на Телеком, ќе создадат бројни можности за потенцирање на дигитализацијата како следен чекор во технолошката револуција, преку ставање на технологијата во функција на општеството.

Во фокусот на ова партнерство е поттикнување и развој на областите коишто се од заеднички интерес, со крајна цел создавање подобри услови за стартап заедницата во иднина. Преку размена на знаења и меѓусебна соработка, Македонски Телеком и Стартап Македонија ќе им дадат можност на стартап компаниите да го започнат својот бизнис и да ги откријат своите силни страни со цел подобро да се позиционираат на пазарот.

Корпорациите кои се заинтересирани да се приклучат и да станат дел од програмата Corporate Innovation Collaborators во соработка со Стартап Македонија можат да добијат повеќе информации на со испраќање маил на [email protected] .