Дојавувачот Ice Universe редовно не известува за потенцијалните карактеристики на Samsung Galaxy S22 серија телефони. Претходно дознавме детали за чипсетот, камерите и брзината на полнење за S22 Ultra, а сега имаме детали за батеријата за стандардниот Galaxy S22.
Според наводите на дојавувачот, Samsung Galaxy S22 ќе има 3700mAh батерија и поддршка за 25W полнење.
Интересно е дека S22+ и S22 Ultra ќе има поддршка за 45W полнење на батеријата, така што помеѓу трите модели е присутен поприличен диспартитет. Во секој случај, корисниците ќе мораат да платат дополнтелно за конкретен полнач, бидејќи Samsung веројатно нема да нуди адаптер во пакувањето на телефонот.
Се очекува дека Galaxy S22 ќе биде помал по големина, дебелина и ширина во однос на iPhone 13, кој исто така има компактни димензии од 146,7 x 71,5 x 7,7 милиметри. Тоа би го направило S22 најкомпактен телефон на Samsung уште од Galaxy S10e модел.
Поврзани артикли