Голем број информации се веќе познати за OnePlus 8T телефонот, со оглед на тоа што се појавија рендери и спецификации на уредот. Гласините од претходно сугерираа дека смартфонот ќе биде биде објавен кон крајот на септмеври или почетокот на октомври, а сега дојавувачот @IshanAgarwal24 истакнува дека претставувањето на OnePlus 8T се очекува на 14. октомври.

Индија моментно е најважниот пазар за големиот број производители на телефони, а OnePlus планира својот нов премиум модел да го претстави во време на празници во оваа земја.

Гласините укажуваат на тоа дека OnePlus 8T ќе има 6.55-инчен FHD+ AMOLED панел, со 120Hz стапка на освежување. На задната страна се очекува систем со четири камери, кој ќе вклучува 48MP главна камера, 16MP ултраширока камера, како и макро и сензор за длабочина.

Останатите сугерирани спецификации вклучуваат Snapdragon 865 чипсет, комбинација од  8GB/12GB RAM и 128GB/256GB простор за складирање, како и батерија со капацитет од 4500mAh со поддршка за 65W Warp полнење.