Насочен кон индустриските корисници, DJI го претстави Matrice 300 кој поседува низа унапредувања, од засилена батерија, детектирање на објекти во лет на сите шест страни, до досег на видео трансмисија од 15 километри.

Matrice веќе некое време е „се во едно“ решение за индустриските корисници. Овие модели се многу поголеми и имаат повеќе можности од оние наменети за вообичаениот потрошувач. Просчениот корисник ги користи дроновите за фотографија и видео. Во индустријата и јавните служби се повеќе се користат за собирање на податоци.

Matrice 300 е направен да собира податоци и да врши извидување. Достапен е со два модула на камера. H20 пристигнува со 20MP камера и 23x хибриден зум, како и 12MP широкоаголен објектив и ласерски viewfinder кој гледа на 1200 метри. H20T додава и термална камера, давајќи му на дронот дополнителни функции.

Интегрираните функции му даваат автоматизам на дронот – можете да означите некој дел од објектот кој се гледа на екранот на контролерот и дронот подоцна само со притискање на копче ќе знае каде и како да оди и да направи идентична фотографија. Другите функции вклучуваат и подобрени можности за следење на објектот. Исто така, тој дрон можат да го користата два оператора во исто време.