Xiaomi ја претстави серијата 11T и го потврди пристигнување на Pad 5 таблетот на европскиот пазар.

Pad 5 ќе биде достапен во две верзии, едната ќе има 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија, а другата 6 GB RAM и 256 GB интерна меморија.

Овие уреди во Европа ќе се продаваат по цена од 349 долари односно 399 евра, а првите купувачи ќе добијат попуст и цената ќе изнесува 299 евра.

Што се однесува до спецификациите, таблетот има 11-инчен IPS LCD екран со резолуција 2.560х1.600 пиксели и поддржува HDR10, додека фреквенцијата на освежување на екранот е 120 Hz. Уредот го движи Snapdragon 860 процесор, а го напојува батерија од 8.270 mAh која поддржува 33 W полнење.

Pad 5 во Европа ќе се продава по цена од 22,5W со полнач. Уредот има 4 звучници и поддржува Xiaomi Smart Pen.

Извор: Klix.ba