Претходните гласини сугерираа дека претстојниот Samsung Galaxy S21 FE би можел да биде претставен заедно со Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3 во текот на август.

Сега, благодарение на дојавувачот Еван Блас (@evleaks), имаме можност прв пат да го видиме Samsung Galaxy S21 FE на фотографии, кои делуваат официјално. Судејќи според објавените рендери, знаеме дека телефонот ќе биде достапен во најмалку четири различни бои – црна, бела, маслинесто зелена и виолетова.

Дизајнот на задниот дел од телефонот најмногу се базира на стандардниот Galaxy S21 модел, посебни ако ги погледнеме истите контури кај модулот на камерата, како и на „glasstic“ заден панел. Од предната страна имаме Infinity-O рамен екран со минимални рамки.

Судејќи според неодамна протечените детали на Geekbench, Galaxy S21 FE ќе користи Snapdragon 888 чип, а се очекува да има најмалку 6 GB RAM и 128 GB простор за складирање податоци.