Постојат носачи кои се наменети за користење на мотоциклите, а на возачот му дозволуваат на нив на го постави смартфонот. Ова е одличен начин за возачите да ги користат апликацииите како Google Maps за да се снајдат во текот на возењето или ако се во прашање доставувачи кои ја преземаат или доставуваат стоката. Меѓутоа, се испоставува дека овие носачи би можеле да бидат повеќе штетни отколку корисни, доколку ви е битна камерата на вашиот телефон.
Тоа е затоа што, според извештајот на страницата за поддршка на Apple, компанијата тврди дека вибрациите кои ги произведуваат мотоциклите во текот на возењето, би можеле да доведат до тоа камерата на iPhone со текот на време на деградира. Според Apple, причината за ова е технологијата која стои зад функцијата за стабилизација на камерата, како на пример жироскоп.
Apple истакнува: „Како што е случај со многу електронски производи кои имаат системи како што е OIS, долготрајната директна изложеност на вибрациите со голема амплитуда во одредени опсези на фреквенциите, може да ги влоши перформансите на овие системи и да доведе до намалување на квалитетот на фотографиите и видеата“.
Apple не препорачува закачување на iPhone уредите на мотоциклите со мотори со голема сила или голема зафатнина, поради амплитудите на вибрациите во одредени опсези на фреквенциите што тие ги создаваат.
Не сме сигурни дали ова се однесува и на другите брендови и модели паметни телефони, но возачите на мотоциклите би требало да размислат за ова за да бидат сигурни дека нивниот телефон нема да се оштети.
Поврзани артикли