Samsung неодамна го објави кернел изворниот код за Galaxy S10 серијата телефони, кој го покренува Exynos чипсетот. Истражувајќи го споменатиот код, членовите на XDA Developers тимот пронајдоа нештo интересно – споменувањето на 5G верзијата на Galaxy Note10 моделот.

Ова секако не претставува изненадување, со оглед на тоа што наскоро пристигнува веќе најавениот S10 5G, а сега имаме и еден вид потврда дека Samsung истото го планира и за Galaxy Note10.

Секако, потребно е да се напомене дека ова е само претпоставка, бидејќи Samsung се уште не објави ништо официјално. Пред неколку месеци, се појави информацијата дека кодното име за Note10 гласи Da Vinci. Откриениот изворен код за S10 го споменува “davinci5G” и на ова се базира претпоставката дека Note10 ќе има 5G верзија.

Кога е во прашање Galaxy Note10, засега само знаеме дека ќе има 6,66-инчен дисплеј и четири камери на задната страна. Повеќе информации сигурно ќе бидат достапни подовна во текот на годината, како што се приближуваме до објавата на смартфонот.