Во WhatsApp работат на опција која на корисниците ќе им овозможи препознавање на говор и транскрипт на говорни пораки во текстуални.

Испраќањето гласовни пораки преку WhatsApp е посебно популарно кај помладите корисници, кои едноставно не сакаат да се јават на друго лице или да пишуваат порака. Сепак, слушањето такви пораки често не е баш најзгодно.

Поради тоа, WhatsApp работи на опција која ќе им овозможи на корисниците препознавање на говорот и транскрипт на гласовните пораки во текстуални пораки.

Прв тоа го забележа популарниот портал WABetaInfo, кој постојано ги следи новитетите во WhatsApp. Според податоците што им стојат на располагање, оваа опција е првенствено во развој за уредите со iOS, а се уште не е познато дали и кога ќе се појави кај корисниците на Android.

Исто така, не е познато ни кога корисниците на iPhone би можеле да ги претворат гласовните пораки во текстуални. Она што е познато е дека ќе му биде испратена гласовна порака на Apple, која потоа ќе треба да ја дешифрира и писмено да му ја врати на корисникот. Пораката потоа ќе се чува во посебен дел наречен „Транскрипти“ што на корисниците би им го олеснило пребарувањето и читањето пораки.