Google конечно почна да ја испорачува темната тема за Search на десктоп. Оваа опција беше забележана во декември минатата година, но сега конечно почнува да се испорачува и во следните недели ќе им стане достапна на сите корисници.
Новата, „не баш црна“ тема може да се добие со одењето во Settings > Search Settings > Appearance и избор на dark опцијата. Исто така, постои и „device default“ опција што автоматски ја ажурира темата во зависност од поставките на уредот.
Иако ажурирањето стана достапно, може да поминат неколку дена пред да стигне до сите корисници. Покрај тоа, се посочува дека некои корисници забележале икона за сонце што може да се вклучи/исклучи без да оди на страницата за поставки, но не е познато дали ова е дел од официјалното ажурирање или уште еден тест.