На годинашата Google I/O конференција за програмери, Извршниот директор на компанијата Сундар Пичај ги остави сите без здив при демонстрацијата на Google Duplex – асистент со вештачка интелиганција кој е во состојба да извршува телефонски повици и да го води разговорот, наместо вас.

– Денеска го најавуваме Google Duplex, нова технологија за вовење на природни разговори со кои ги решаваме проблемите од “вистинскиот свет” преку телефон. Технологијата е наменета за завршување на одредени задачи, како што е закажување на состаноци. За таквите обврски, системот пробува да го води разговорот што е можно поприродно и луѓето со него можат да зборуваат нормално, како што тоа би го правеле со друго лице и без никаква потреба да се адаптираат на машината, стои на блогот што го објави Google.

Google Duplex во следните недели ќе почне да се појавува кај одредени корисници како експеримент.