Регулаторната агенција за комуникации на Босна и Херцеговина (RAK), на барање на Хрватската агенција за мрежни активности (HAKOM), започна да гаси 171 аналоген предавател на ТВ станици во БиХ, бидејќи го попречуваат воведувањето на 5G мрежата во Хрватска.

HAKOM објави дека побарале да се отстранат пречките на територијата на БиХ, што го попречуваат воведувањето на 5G мрежата за конкретни фреквентни ресурси во Хрватска.

Како што објаснуваат, БиХ била обврзана да премине на дигитално емитување во согласност со стандардите поставени од Меѓународната телекомуникациска унија.

„Затворањето на аналогните предаватели во текот на календарската 2021 година на таков забрзан начин е последица на фактот што БиХ не го заврши благовремено спроведувањето на стратегијата за премин кон дигитално ТВ емитување, како своја преземена и ратификувана меѓународна обврска“, велат од RAK.

Босанско-херцеговските регулатори известија 26 јавни и комерцијални телевизии кои користат 171 аналоген телевизиски предавател за процесот на нивно исклучување, се додава во информацијата.

Трите јавни РТВ сервиси во БиХ требаше да формираат заедничко тело на државно ниво за да се префрлат на дигитално емитување, но на тоа се противат властите на српскиот ентитет.

Извор: B92.net