Се очекува дека iPhone 12 линијата на компанијата Apple ќе пристигне со оперативниот систем iOS 14, кој би требало да смартфоните да донесе голем број нови функции. Една од нив се и вистинските виџети за почетниот екран, нешто што Android телефоните го нудат веќе со години.

Најновото дизајн видео ни нуди увид во тоа како ќе изгледа новиот iPhone, а заедно со дизајнот на уредот имаме прилика да видиме како би можел да функционира новиот почетен екран за iOS 14. Овие информации ни ги овозможува италијанскиот сајт iSpazio.

Концепт видеото за iOS 14 го покажува начинот на кој виџетите за почетниот екран би можеле да изгледаат и функционираат со познатите апликации, како што е Instagram, со прикажување на дополнителни информации.

iPhone 12 серијата ќе вклучува четири смартфони со OLED екрани, новиот A14 процесори и поддршка за 5G. Двата стандардни модела ќе имаат дисплеи од 5,4 и 6,1-инчи и две камери на задната страна, додека двата Pro модела ќе имаат екрани од 6,1 и 6,7 инчи, со три задни камери и новиот 3D Lidar скенер, кој најпрвин беше воведен кај неодамна објавените iPad Pro модели.