Европската агенција за лекови (EMA) додаде многу ретко невролошко пореметување наречено Гилен-Баре синдром (ГБС), на листата на можни нуспојави на вакцината на АстраЗенека.

EMA објави дека врската помеѓу ГБС и вакцината АстраЗенека позната како „Ваксзеврија“ во најмала рака е „разумна можност“ бидејќи се забележани 833 случаи на овој синдром откако ширум светот, од 31-ви јули се дадени 592 милиони дози на вакцината.

EMA ја категоризира оваа нуспојава како „многу ретка“, што е најниската зачестеност која некоја нуспојава може да ја има.

Агенцијата истакна дека придобивките од вакцината на АстраЗенека сè уште се многу поголеми од ризиците.

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) издаде предупредување дека ГБС е можен несакан ефект на вакцината Џонсон и Џонсон. И двете вакцини користат векторска технологија и се поврзани со ретки случаи на згрутчување на крвта.

EMA на листата додаде и безопасни нуспојави за вакцините Џонсон и Џонсон, Модерна и АстраЗенека како што се болка во рацете, нозете и во стомакот, како и симптоми слични на грип.

Извор: Tportal.hr