И покрај тоа што премиум чипсетот Qualcomm Snapdragon 888+ е стар само неколку недели, чипот од следната генерација е веќе во подготовка. Snapdragon 898 (или 895) допрва треба да биде официјално претставен, но веќе се појави во некои гласини.

Најновите информации доаѓаат од Geekbench, каде се појави мистериозниот прототип на Vivo, кој веќе го тестира споменатиот Snapdragon чипсет. Vivo V2102A не е постоечки или иден уред, туку ознака на прототип. Телефонот има процесорски јадра со такт понизок од очекуваното.

Уредот го користи новиот Cortex-X2 Super Core @ 2.42GHz, три Cortex-A710 Power јадра до 2.17GHz и четири ефикасни Cortex-A510 јадра до 1.79GHz. Знаеме од претходните вести дека јадрото Cortex-X2 во чипот Snapdragon 898 ќе оди до 3,09GHz.

Споменатите јадра користат ARMv9 дизајн и ветуваат поефикасна потрошувачка до 30%, додека X2 јадрото би требало да биде 16 проценти побрзо од претходното X1 јадро. Самиот Snapdragon 898/895 чип најверојатно ќе биде креиран во 4nm процес на Samsung и ќе има Adreno 730 графички процесор и X65 5G модем. Се очекуваат и надграден ISP и NPU.

Производителите на телефони од Кина веќе вредно го тестираат следниот премиум Snapdragon чипсет, па се очекуваат повеќе информации во следниот период.