Samsung работи на неколку подобрувања за флексибилниот телефон Galaxy Z Fold4, а гласините споменуваат и подобрувања на камерите кои ќе го доближат телефонот до моделите S22.

Според наводите, Galaxy Z Fold4 имплементира телефото камера од 10 MP со 3x оптички зум. Претпоставката е дека тоа е истата 3x камера што ја имаат сите три модели Galaxy S22 и треба да ја замени сегашната 12MP 2x камера на моделот Z Fold3.

Телефонот би можел да има уште една промена, а тоа е селфи камерата од 10 MP. За жал, достапните информации не се јасни, па не се знае дали се работи за селфи камера на надворешниот екран (кој веќе има сензор од 10MP) или се работи за внатрешна камера под екранот.

Кога станува збор за главните камери, нема многу информации за широкиот и ултра-широк модул, па не се знае дали Galaxy Z Fold4 ќе користи главна камера од 50 MP, како што се моделите S22 и S22 +.