Минатиот месец се појавија информации дека WhatsApp подготвува реакции на пораки кои наликуваат на Instagram DM. Функцијата ќе им овозможи на корисниците да реагираат на текстуалните пораки користејќи емотикони.

Сега WABetaInfo нуди увид во изгледот на оваа функција, преку скриншотови за реакциите на пораките во WhatsApp. На прв поглед, услугата изгледа слично како и другите услуги на Facebook, каде што е можно да се користат емотикони за реакции на пораките. Извештајот сугерира дека реакциите не се анонимни и секој во групата ќе може да ги види.

WABetaInfo истакнува дека оваа функција се тестира за Android и iOS уредите, но не е достапна за двете платформи во тековната бета верзија. Покрај реакциите на пораките, WhatsApp подготвува редизајнирани балончиња за чет на iOS платформата. Новите пораки ќе бидат поголеми од претходните и ќе изгледаат помодерно.

Редизајнот на WhatsApp е во рана фаза на тестирање и се уште не е достапно за бета тестерите, а во идните надградби се очекува да биде достапен и за поширока група корисници.