Facebook неодамна ја претстави бесплатната апликација Horizon Workrooms, која им е наменета на корисниците на Oculus Quest 2 VR очилата.
Апликацијата, која во моментов е во бета фаза, е најамбициозниот проект на Facebook досега и овозможува групни состаноци во виртуелната реалност.
Апликацијата обезбедува бројка од 16 учесници со VR очила сместени во виртуелни конференциски сали, и секој учесник е претставен со аватар кој има екран во форма на горниот дел од телото како лебди над виртуелниот стол на заедничка маса.
Апликацијата поддржува до 50 учесници на еден состанок, каде што другите можат да се приклучат преку видео повик.
Учесниците на состанокот со VR очила можат да ги користат рацете и прстите за гестови, а устите на нивните аватари можат да се движат, оставајќи впечаток дека зборуваат.
Виртуелен панел пред учесниците на состанокот овозможува за споделување фотографии и гледање на презентации.
Апликацијата за организирање виртуелни состаноци користи комбинација од следење на рака и специјален метод за користење на звук познат како „просторен звук“ и создава впечаток дека звукот доаѓа од одредена насока.
Апликацијата за звук исто така користи елиминација на сите звуци во заднина што би можеле да ја попречат комуникацијата за време на состанокот.
Извор: B92.net