NEC Display Solutions, кој е филијала на компанијата Sharp најави два нови M Series проектори, а во прашање се моделите M430WL и M380HL.
Новите M Series проектори нудат достапни решенија за проектирање содржини, нудат DLP технологија и алтернатива за LCD проекторите. Со DLP проекцијата, корисниците добиваат достапен уред, со ласерски перформанси без лампа и филтри. Ваквите проектори го зголемуваат оперативното време до 30.000 часа, додека запечатениот DPL систем спречува продор на прашина.
Проекторите нудат WXGA и 1080p резолуција, како и осветлување до 4300 лумени. M430WL и M380HL моделите ги красат напредно инсталирање, а имаат 1.6x Zoom Ratio и вертикално преместување на објективот.
Новите Sharp/NEC проектори поддржуваат примена во специјални услови, со продолжено целодневно користење и можност за приказ на содржините во портрет режим.
Поврзани артикли