Се појави нов извештај, кој е контрадикторен со скоршените извештаи дека Galaxy S22 Ultra ќе има рафинирана верзија на актуелниот 108MP ISOCELL HM3 сензор за камерата. Новиот извештај сега сугерира дека телефонот сепак ќе користи 200MP главна камера. Исто така, укажува на објава на телефонот во јануари 2022. година.

Извештајот пристигнува од Јужна Кореја, а ги цитира различните индустриски извори. Според наводите на изворите, Olympus го контактираше Samsung и го предложи ова партнерство. Samsung наводно се согласил со предложените услови и Galaxy S22 Ultra би требало да има 5-lens, 200MP Olympus камера.

Истиот извештај споменува и дека телефонот ќе го поддржува S Pen паметното пенкало, а останува да се види дали пенкалото ќе биде дел од пакетот. Актуелниот Galaxy S21 Ultra исто така поддржува S Pen.