Читателите на порталот Yahoo News Japan велат дека новиот руски теренец има идеален дизајн.

Читателите на порталот Yahoo News Japan го оценија прототипот на новиот руски цивилен теренец, направен врз основа на воениот блиндиран автомобил „Стрела“.

Како што се наведува во материјалот, возилото тежи 2700 килограми и има турбодизел мотор со моќност од 149 КС и волумен од 2,8 литри.

 

Рускиот новитет им остави многу позитивен впечаток на многу читатели на јапонскиот портал.

„Извонреден е!!! За мене лично, ова е идеален дизајн. Но, требаше да стават поекономичен дизел мотор со волумен од најмалку три литри“, пишува еден корисник

„Изгледа многу моќно! Убав автомобил!“, додава друг коментатор.

„Автомобилот е многу убав, но се чини дека е широк најмалку 2,5 метри“, забележува трет.

„Кога ја видов фотографијата, си помислив дека е „Хамер“, пишува четврт.

Голем број корисници се сомнева во достигнувањата на руската автомобилска индустрија.

„Маса 2,7 тони, а волуменот на моторот е само 2,8 литри… На асфалт и може да се движи, но по нерамен терен тешко “, претпоставува еден коментатор.

„Веројатно и цената ќе биде исто така фасцинантна“, се замислува друг.

„Извинете, но ако некој купи таков автомобил, дали може подоцна да најде делови за него?“, се прашува трет.

Извор: Russia Beyond