Microsoft објави дека на 22. септември ќе го одржи следниот настан, во текот на кој компанијата ќе ги претстави новите Surface уреди.

Компанијата конкретно не најави дека станува збор за Surface уреди, но тизер фотографијата укажува на профил на Surface Pro моделoт. Microsoft обично ги одржува своите хардверски настани во текот на есента, а покрај тоа, закажан е две недели пред објавувањето на Windows 11, кој ќе се појави на 5. октомври.

За време на оваа презентација би можеле да видиме освежен Surface Duo, а неодамна се појавија информации кои сугерираат дека Surface Duo 2 ќе има унапреден систем за камери и ќе биде достапен во црна боја.

Покрај тоа, Surface Book линијата може да добие надградба, а би можеле да дознаеме и што ново имплементира Surface Pro.