Xiaomi моментно на пазарот нуди безжичен полнач што има 55W опција на полнење, но компанијата не запира на ова. Xiaomi само што објави дека развил 80W безжичен брз полнач, кој батеријата може да ја наполни до врв за 19 минути.

Потпретседателот на компанијата објави и видео од процесот на брзото полнење, откривајќи дека новиот полнач изгледа во голема мерка како актуелниот. Исто така, тврди дека новиот полнач соборува светски рекорди, со оглед на тоа дека два пати е побрз од следниот во линијата (40W Huawei SuperCharge Wireless Stand).

Поефикасната архитектура на безжично полнење е дизајнирана со доделен чип и независен механизам на намотки за да се добијат споменатите брзини на полнење од 80W. Тука се и MTW конекторите, две 6C батерии во теелфонот и некои софтверски акцелерации. По стандардниот тест од 800 полнења до врв, полначот може да обезбеди 90 проценти од својот оригиналниот капацитет.

Телефонот од видеото изгледа како Mi 10 Ultra, со закривени рабови и еден punch-hole отвор за селфи камерата. Но, бидеќи користи 4000mAh батерија, веројатно се работи за прототип.