Технолошката индустрија ште од минатата година се соочува со голем недостаток на чипови, што доведе до повисоки цени и намалување на залихите во повеќето категории производи. Според наводите, поради големите барања во синџирот на снабдување, TSMC планира да ги зголеми цените на производството на чиповите до 20 проценти.

Според Wall Street Journal, TSMC (компанијата задолжена за производство на чипови за Apple, Qualcomm, AMD, Nvidia и Intel) ќе ги зголеми производните цени на напредните чипови за 10%, додека помалку напредните чипови ќе забележат зголемување на трошоците за производство до 20 проценти.

Цените на полупроводниците имаат тенденција да растат или да опаѓаат во зависност од состојбата на пазарот, но овие флуктуации не влијаат на крајниот корисник во секоја ситуација. Сепак, се очекува дека во некои случаи крајните корисници ќе ги почувствуваат најновите промени што TSMC би можел да ги спроведе.

TSMC е еден од најголемите светски производители на чипови, а компанијата соработува со бројни клиенти. Засега не е потврдено кој од нив ќе биде најмногу погоден со оваа одлука на тајванскиот гигант.