Ова многу ќе придонесе за безбедноста на корисниците на Apple. Последната верзија на Safari на iOS, iPadOS, како и MacOS сега ги блокира сите колачиња откако ќе посетите одредени сајтови и на тој начин ги оневозможува компаниите адвертајзерите да го следат секој ваш чекор.

Safari е прв популарен пребарувач кој се одлучи на ваков чекор, а сигурно ова ќе им го направи на огласувачите животот малку потежок, бидејќи ќе им оневозможи да го следат вашето однесува на интернет. Во ова, Apple нема да биде сам во иднина, бидејќи и Google тврди дека сака истото да го постигне со Chrome до 2022. година.

Засега се уште не е познато како тоа конкретно ќе функционира во пракса. Во Google имаат намера оваа иницијатива да ја спроведат низ процес на стандардизација. Тестирањата се планирани во текот на следната година, по што ќе следува постепено префрлање на рекламирањето на нови, поинакви системи. Треба да се очекува дека ќе има и такви кои ќе се противат на сето ова.