Realme India официјално потврди дека наскоро ќе го претстави првиот паметен телефон со Dimensity 810 чипсет.
Споменатиот чипсет е претставен пред неколку недели, а го карактеризира dual 5G stand-by, Cortex-A76 CPU јадра @2.4GHz и Cortex-A55 јадра кои помалку трошат. GPU е Mali-G57 MC2, а тука е и поддршката за LPDDR4x RAM и UFS 2.2 складирање.
Realme претходно најави дека ќе биде првата компанија која во својата линија ќе го вклучи и новиот MediaTek чип. Засновано на гласините, Realme 8s ќе биде првиот уред што ќе користи Dimensity 810 чип.
Realme 8s би требало да има 6,5-инчен дисплеј, со стапка на освежување од 90Hz, 64MP главна камера, како и 5000mAh батерија со поддршка за 33W брзо полнење.