Порталот Engadget дојде до каталогот на компанијата Vodafone со спецификациите на смартфонот Huawei P20 Lite.

Се знае дека ќе го користи оперативниот систем Android 8.0 и дека има 5,84-инчен екран, 4 GB RAM, 64 GB интерна меморија и батерија од 3.000 mAh.

Назад има камери од 6 и 12 мегапиксели, а напред е сместена камера од 16 мегапиксели.

Назад ќе има и сензор за отпечаток од прст. Уредот ќе биде достапен во црна и сина боја, по цена од 369 евра.

Huawei официјално ќе го претстави P20 на настан закажан на 27 март.