Претходно дознавме дека Vivo X70 серијата ќе користи прилагоден ISP, а сега имаме информации кога серијата ќе биде претставена. Компанијата потврди дека ќе ја претстави серијата на 9 септември, а објави и фотографии од  X70 Pro+ телефонот со некои детали за камерата.

Премиум Vivo X70 Pro+ телефон ќе има Zeiss T* камера. Zeiss е германска компанија, која го опфаќа секторот na оптика, а ознаката T* е посебен тип на облога за леќи, со што се елиминира рефлексијата на светлината.

Фотографиите откриваат модул со четири камери во L формација, а една од камерите е перископ телефото . Vivo одлучи да користи големо рефлективно стакло на задната страна, кое ги содржи логоата на Vivo и Zeiss, но нема друга техничка улога. Многумина се надеваа дека ова може да биде заден дисплеј, но се чини дека тоа нема да биде случај.

Се очекува дека X70 Pro+ ќе го покренува Snapdragon 888+ чипсет, и засега нема премногу детали за останатите модели од Vivo X70 серијата.