Реномираниот аналитичар Минг-Чи Куо објави нов извештај, кој сугерира необични информации во врска со годинешната iPhone линија. Наводно, новите iPhone телефони ќе користат LEO (Low Earth Orbit) сателитска комуникација за конекција преку прилагодените Qualcomm X60 модеми. Ова ќе им овозможи да остваруваат повици, да испраќаат текстуални пораки и да добиваат интернет услуги во области без мобилна конекција.

Куо понатаму објаснува дека мрежните оператори ќе мораат да соработуваат со провајдерите на сателитски комуникации (како што е Globstar) за да го насочат iPhone кон нивните LEOсателитски мрежи, без дополнителен договор и други трошоци. Globstar има и своја n53 фреквенција, која ќе биде поддржана преку претстојниот X65 5G модем на Qualcomm.

SpaceX Starlink е уште еден провајдер на LEO сателитска мрежа, која ја користи технологијата за да обезбеди сателитски интернет сообраќај за своите корисници. Куо тврди дека Apple е оптимист кога станува збор за употребата на сателитска комуникација и ќе се обиде да се зацврсти на пазарот во овој сегмент.