Ураганот Ида ја погоди американската држава Луизијана југозападно од Њу Орлеанс, како ураган од 4 степени, објави Националниот центар за урагани во Мајами.
Со себе донесе максимални ветрови од околу 240 километри на час кога го погоди брегот откако го мина Мексиканскиот Залив, додава NHC.
Hurricane Ida is seen by @Space_Station crew member @Thom_Astro, hours before the storm’s landfall in Louisiana.
Observing hurricanes from space helps us work with partner agencies like @NOAA and @FEMA to support preparation and disaster response: https://t.co/9Agx7JVn5O pic.twitter.com/cjLcAM1Z54
— NASA (@NASA) August 29, 2021
NASA објави фотографија на Twitter од ураганот направена од Меѓународната вселенска станица непосредно пред Ида да го погоди брегот на Луизијана.
Извор: Index.hr