Иако Google ова се уште не го потврди, прилагодените чипови на компанијата Tensor (кои ќе ги покренуваат новите Pixel смартфони) се базирани на дизајнот на Samsung Exynos. Сега Ројтерс известува дека јужнокорејската компанија ќе обезбеди и mmWave 5G модем за новите телефони на Google.
Ројтерс се повикува на два извора, а интересно е дека модемот ќе поддржува mmWave 5G, што е покомплициран да се оспособи за работа. Qualcomm засега беше лидер во оваа област.
Во моментов, постојат само три компании кои произведуваат 5G модеми: Qualcomm, Samsung и MediaTek (тука е и Huawei, но кинеската компанија моментно е во застој со производството поради познатите проблеми со американските санкции).
Pixel 6 смартфоните, исто така, ќе послужат и како демонстрација за другите провајдери на телефони, за тоа за што се способни 5G модемите на Samsung.