Realme 6i е официјално претставен, а во прашање е прв смартфон на светот кој го користи MediaTek Helio G80 чипсетот. Покрај ова, телефонот има Realme UI преку Android 10 и пристигнува во две верзии на меморија и простор за складирање: 3GB/64GB и 4GB/128GB.

Телефонот користи 6,5-инчен HD+ дисплеј, кој има засек во кој е сместена 16MP селфи камера. На задната страна се наоѓаат четири камери: 48MP главна, 8MP ултраширока, 2MP портрет и 2MP макро. Одзади е сместен сензор за отпечаток од прст.

Realme 6i се напојува преку 5000mAh батерија, која има поддршка за обратно полнење преку USB-C порт до 18W. Смартфонот пристигнува во White Milk и Green Tea варијанти на бои.

Кога се во прашање цените, основната верзија на телефонот со 3GB RAM и 64GB простор за складирање чини околу 180 долари, додека 4GB/128GB модел чини околу 215 долари. Realme 6i ќе се најде во продажба од 29. март.