Пазарот наскоро ќе биде преплавен со бран на таблет уреди од кинески производители, и се чини дека кинескиот производител Oppo е подготвен да се приклучи на овој тренд.

Дојавувачот Digital Chat Station навести неколку главни карактеристики од претстојниот таблет уред на Oppo на мрежата Weibo, а исто така понуди илустративна фотографија која ни дава идеја за тоа како уредот може да изгледа по објавувањето.

Таблетот на Oppo треба да има 12,6-инчен дисплеј, како и Huwaei MateTab Pro на фотографијата. Всушност, тој тврди дека таблетот Oppo ќе потсетува многу на уредот на Huawei.

Oppo ќе користи модифицирана верзија на ColorOS интерфејсот за таблетот, која доаѓа со држач и додатоци. Исто така ќе бидат поддржани и функциите „continuity“ со телефоните на Oppo, часовникот и слушалките со Bluetooth.

Извор: Benchmark.rs