Функцијата моментално е достапна за секого, без оглед на статусот на верификација на платформата X.

Нов ден и ново ажурирање за платформата X (поранешен Твитер) што го ограничува она што можете да го правите на платформата без да платите претплата на Илон Маск и да добиете ознака за верификација.

Објавата на официјалната сметка X покажува дека корисниците сега можат да го ограничат одговарањето на објавите, кои ќе доаѓаат само од проверени сметки.

Новото ограничување е достапно без разлика дали сте верификувани или не, слично на постоечката функција да се овозможи reply од сите страни, само на сметките што ги следите или на луѓето споменати во објава.

Во ноември 2022 година, Маск го лансираше она што сега е познато како X Premium, овозможувајќи им на сите сини ознаки за верификација, за осум долари месечно или 84 долари годишно.