Пред извесно време WhatsApp ја претстави својата десктоп апликација, а сега е официјализирана бета програмата која ви овозможува први да ги испробате сите нови работи што треба да станат дел од новиот екосистем.

Пред да се имплементираат новите функционалности на која било апликација, тие мора да поминат низ јавна бета фаза, односно развојниот тим мора да прима повратни информации од корисниците, со добри и лоши работи.

Јавна фаза на бета тестирање

WhatsApp ја отвори својата јавна бета фаза за корисниците на десктоп верзијата, што е идеална можност да бидете првите што ќе се обидат да влијаат врз промените во новата функционалност шреку вашите повратни информации. Бета фазите веќе постојат за мобилни апликации на мобилните оперативни системи Android и iOS.

За потсетување, десктоп верзијата на WhatsApp ви овозможува да поврзете било кој компјутер со вашиот мобилен WhatsApp профил и да разменувате пораки и мултимедијални датотеки преку компјутерот, наместо постојано да гледате каде е вашиот телефон. Оваа апликација ја стекна својата популарност со постојаното подобрување на енкрипцијата, па така од неодамна, покрај редовните корисници, стана и прв избор за криминалците ширум светот.

Со пријавувањето за бета програмата, практично ќе имате можност да учествувате во процесот на тестирање и одлучување дали некоја карактеристика ќе живне од самиот почеток. Исто така, ќе имате можност да ги пријавите сите грешки и работи што не функционираат, пред новитетите да се имплементира во десктоп апликацијата.

Десктоп за Windows и Mac

Бета ќе ги опфаќа десктоп верзиите за Windows и MacOS, па доколку ви се чини интересно верзијата на Windows можете да ја преземете тука, додека на MacOS тука. Со инсталирање на бета верзијата на десктоп апликацијата, вие сте официјално бета тестер и сите ажурирања ќе ви пристигнат автоматски, без потреба рачно да додавате ништо.

На почетокот, WhatsApp ќе ги тестира новите функции поврзани со снимањето гласовни пораки, како што се слушање пред испраќање, што веќе е во напреден процес на развој за мобилни верзии.

Имајте на ум дека бета тестирањето генерално вклучува голем број грешки и работи што не функционираат, па затоа не е паметно да ја инсталирате бета верзија на компјутерот што секојдневно го користите за работа.