На интернет протекоа првите фотографии од претстојниот Huawei P40 Pro, кои се објавени на страниците на кинеската социјална мрежа Weibo. Оригиналниот извор на фотографиите е Digital Chat, кој е познат дојавувач од Кина.

Иако неговата објава е отстранета од социјалната мрежа, ништо што ќе се појави на веб не може во целост да се избрише, па така и фотографиите од телефонот се уште кружат на интернет. Првата слика ја прикажува предната страна на смартфонот, со двојна punch-hole селфи камера. Телефонот е сместен во куќиште, кое во најголема мерка ги крие заоблените рабови околу дисплејот.

Втората фотографија ја покажува задната страна на уредот, но камерите не се видливи поради заштитната маска. Доколку сакате да го видите P40 Pro системот на камери, можете да го пронајдете на овие протечени фотографии.

Huawei P40 серијата паметни телефони ќе биде претставена во март во Париз, а според гласините ќе се состои од три премиум модели.