Пакистанскиот суд осудил на смртна казна еден човек поради објавување на богохулна содржина на Facebook. Таимоор Раза бил осуден откако на социјалната мрежа во коментарите напишал нешто поврзано со пророкот Мухамед, своите жени и пријателите.

Јавниот обвинител кој бил вклучен во случајот верува дека ова е првпат некој да биде осуден на смрт поради активност на социјалните мрежи. Оваа пресуда ги загрижи борците за човекови права, додека Facebook уште нема коментари за случајот.

Од американската компанија во март најавија дека испратиле тим во Пакистан како одговор за загриженоста на владата во врска со пораките со богохулство на мрежата. Но, во исто време од Facebook нагласуваат дека сеуште сакаат да ги  заштитат “личниот простор и правата” на корисниците.

Премиерот на Пакистан Наваз Шариф ја опишува пораката како “неоправдана постапка”. Случајот против Раза беше разгледан во суд за анти-тероризам во Бахавалпур – на околу 500 километри од главниот град Исламабад. Адвокатот на Раза изјави дека 30-годишниот учествувал во спор за исламот на социјалната мрежа со човек кој бил вработен во одделот за борба со тероризмот. Осудениот ќе поднесе жалба на пресудата.