За потполно редизајнираниот iPad mini се зборува веќе некое време, а сега се појавија и нови рендери.

Шестата генерција на iPad mini треба да се појави оваа година приближно во исто време кога ќе пристигне и новиот iPhone 13, a најновите рендери кои ги креираше Мајкл Ма претставуваат како ќе изгледа малиот таблет.

Во суштина се работи за покомпактна верзија на четвртата генерација iPad Air со 8,4-инчен Liquid Retina екран со фреквенција на освежување од 60Hz и идентични рамки околу дисплејот. Димензиите на таблетот изнесуваат 206 х 138х 6,1 мм, а ќе биде достапен во вселенска сива, златна, зелена и небесно сина боја.

Мини таблетот се очекува дека ќе добие A14 Bionic процесор, а ќе биде достапен со 64, 128 и 256 GB интерна меморија.

Новиот iPad mini наводно ќе ја поддржува третата генерација на Apple Pencil, а ќе постојат Wi-Fi и 5G модел. Исто така, Touch ID скенерот за отпечатоци од прсти ќе биде сместен во копчето за вклучување.

Извор: Klix.ba