Во јули 2018. година, Huawei поднесе барање за патент за дизајн во WIPO Global Design Database. Патентот е одобрен на 18. јуни, 2019. година и покажува склоплив телефон, кој на прв поглед изгледа како Mate X.

Скиците покажуваат дека уредот може да се свитка навнатре, за екранот да остане подобро заштитен од гребнатини и удари. Покрај тоа, додаден е и втор преден екран, така што дизајнот е многу сличен на Galaxy Fold.

Патентот се состои од осум скици, кои вклучуваат 3D дизајни кои ги додал Huawei. Ова укажува дека кинескиот производител можеби и го развива споменатиот уред, кој би можел да биде логичен наследник на Mate X моделот.

Надградениот дизајн на телефонот во сите аспекти го надминува дизајнот што го имаат Mate X и Samsung Galaxy Fold. При транспорот, флексибилниот екран останува добро заштитен, а на располагање е и помал, но “full screen” преден дисплеј. Кога ќе се расклопи, поголемиот екран се отвора и нема засек во екранот.

За жал, се уште не е познато кога Huawei ќе ја претстави својата втора генерација на флексибилен мобилен уред. Објавата и на Mate X и Galaxy Fold моделите моментно е одложена и се уште се чека на овие премиум модели на свитливи телефони.