Неколку гласини сугерираа дека Apple работи на поголем редизајн за своите лаптопи, што ќе биде имплементиран наскоро. Компанијата веќе објави целосно нов iMac, со процесори на Apple. Сега изгледа дека наскоро ќе биде освежен и Mac mini.
Сајтовите 9to5Mac и MacRumors цитираат извештај на Блумберг, во кој Марк Гурман тврди дека во наредните неколку месеци се очекува редизајниран Mac mini со M1X процесор. Чипсетот се уште не е објавен, но веќе некое време се споменува како процесор што според перформансите ќе го надмине актуелниот М1 модел.
Покрај хардверските промени, новиот Mac mini ќе има повеќе портови. Компјутерот треба да биде повеќе фокусиран на оние корисници кои сакаат помоќен уред и ќе чини повеќе. Затоа се верува дека Apple ќе го задржи и М1 моделот на пазарот, како основна и подостапна опција.
Покрај Mac mini, се очекува Apple да претстави и редизајнирани MacBook Pro модели, кои исто така ќе го користат помоќниот чип M1X.
Поврзани артикли