Дојавувачот Маџин Бу објави фотографии од iPhone 13 Pro телефонот во Rose Gold варијанта. На фотографиите е додадена и инженерска скица на моделот iPhone 13 Pro Max, за кој се верува дека нема да биде многу поинаков од iPhone 13 Pro.

Иако гласините од претходно сугерираа дека Apple ќе го понуди Rose Gold Pro моделот, наводниот iPhone Pro на фотографијата има потемна нијанса од онаа што Apple обично ја користи за своите уреди.

iPhone 13 Pro и Pro Max ќе бидат достапни и во црна, сребрена и Sunset Gold варијанта. Се очекува дека компанијата со iPhone 13 линијата ќе спроведе голем број промени, како и надградба на камерите.

Pro варијантите треба да имаат подобар 6-element Ultra Wide објектив со автофокус, а iPhone 13 Pro ќе ја добие и „sensor-shift“ стабилизацијата и телефото модулот од iPhone 12 Pro Max моделот.

Останатите промени што се очекуваат го вклучуваат новиот Apple A15 Bionic чипсет, LiDAR  сензори на сите модели, 120Hz ProMotion технологија и 1TB простор за складирање за Pro моделите.

Презентацијата на iPhone 13 линијата смартфони се очекува во текот на третата недела на септември.