Претходните извештаи сугерираа дека M1X MacBook Pro серијата ќе се најде во масовно производство од третиот квартал, а сега е потврдено дека производството е почнато.

DigiTimes известува дека снабдувачите на Apple планираат да достигнат месечна испорака од 800.000 примероци од овој лаптоп до крајот на ноември. Според бројните извештаи, Apple би требало да претстави 14-инчни и 16-инчни MacBook Pro модели, а ова ќе бидат и првите лаптопи на компанијата со mini-LED екрани.

Се очекува дека компанијата од Купертино во својата MacBook Pro линија ќе имплементира и поддршка за MagSafe, HDMI, читач за UHS-II SD картички и друго.

На крајот, се сугерира дека M1X чипсетот кој го покренува новиот MacBook Pro, ќе биде уште помоќен од М1 чипот. Ќе има 10-јадрен CPU и опција на избор на GPU со 16 или 32 јадра. Корисниците кои сакаат уште подобри перформанси секако ќе бидат задоволни од хардверот, кој барем на хартија го нуди M1X MacBook Pro линијата.